Поврзи се со нас

Кошарка

Tејтум им одржа говор на Селтикси на полувремето од мечот со Мајами

Орландо, 26 септември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум имаше мотивирачки говор пред соиграчите за време на паузата на петтиот меч од серијата со Мајами хит.

Бостон заостануваше седум поени, а пораз на овој меч ќе значеше крај на сезоната за тимот.

Дваесет и двегодишниот Тејтум се обиде да им ја пренесе важноста на моментот на своите соиграчи и успеа во тоа.

Во третата четвртина тој постигна 17 поени, а Селтикси го добија тој дел од натпреварот со 41:25.

На крајот Бостон победи со 121:108 и намали на 2-3 во серијата прв до четири победи. зс/

Advertisement