Други спортови
Телото, сепак не може да издржи, големиот Рожер Федерер се повлече
Легендарниот швајцарски тенисер Рожер Федерер се повлече од Ролан Гарос. Иако се пласираше во четвртото коло, сепак тој одлучи да го прекине учеството на овој турнир, со цел да го заштити своето тело.
-По разговорите со мојот тим, решив денеска да се повлечам од Ролан Гарос. По две операции на коленото и една година рехабилитација, важно е да си го слушам телото и да не се форсирам предвреме“, изјави Федерер.
Федерер, кој наскоро ќе наполни 40 години. Донесе ваква одлука по победата на исцрпувачкиот меч со Доминик Кепфер, кој заврши ноќеска дури после полноќ.
Пред да дојде во Париз, Федерер имаше одиграно само три меча во последните 16 месеци.
— Roger Federer (@rogerfederer) June 6, 2021