Фудбал
Тен Хаг ги загуби нервите по ремито со Борнмут, предвреме ја напушти конференцијата (ВИДЕО)
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг не ги зачува нервите по синоќешното реми 2:2 со Борнмут. Тој предвреме ја напушти прес-конференцијата по натпреварот, одбивајќи да одговори на прашањето дали „црвените ѓаволи“ ќе го забележат својот најнизок пласман од почетокот на Премиер лигата.
Erik Ten Hag walks out of his press conference. 👀 👋
🎥 @BeanymanSports pic.twitter.com/Fv92Bj1JUw
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) April 13, 2024
На почетокот, тој дури демонстрираше оптимизам дека неговиот тим има уште шанси за топ 4, колку и да се илузорни.
– Не, не, не, не би рекол дека е готово. Ќе направиме што можеме, но мораме да бидеме реални. Кога ќе го имам целиот мој тим, можам да верувам. Но, во моментов со фудбалерите што ги имам на располагање е тешко. Гледате каква е дефанзивната ситуација, тоа кажува сè. Долго време сум во фудбалот и можам да кажам дека бевме мотивирани, но не добро организирани, изјави Тен Хаг.
Потоа дојде прашањето за евентуалниот најлош пласман на тимот, на што Холанѓанецот кратко одговори: „Не сакам да го коментирам тоа бидејќи не е важно во моментов“. Тој веднаш стана и ја напушти салата за прес-конференции.
Манчестер јунајтед по 32 кола има освоено 50 бодови и се наоѓа на седмото место во премиерлигашкиот поредок.