Фудбал
Тен Хаг му ја зема капитенската лента, Мегваер лут, вознемирен и шокиран, се закани дека заминува!
Бесниот Хари Мегваер е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед откако му беше одземена капитенската лента.
Британски „Сан“ објави дека дефанзивецот бил „лут, шокиран и вознемирен“ кога шефот Ерик тен Хег му ја соопштил веста.
30-годишниот Мегваер знае дека неговото време на „Олд Трафорд“ заврши.
Тој на социјалните мрежи напиша: По разговорите со менаџерот денес тој ме извести дека го менува капитенот.
„Тој ми ги кажа своите причини и иако јас лично сум крајно разочаран, ќе продолжам да давам се од себе. Сакам да им се заблагодарам на навивачите на Манчестер Јунајтед за целата нивна брилијантна поддршка додека ја носев лентата, порача Мегваер.
Наводно за неговите услуги е заинтересиран Челзи, но и Вест Хем.