Фудбал
Тен Хаг: Рашфорд е болен, Лигата на шампионите ни е важна
Манчестер Јунајтед натпреварот од 37. коло против Бурнмаут го игра на гости, а менаџерот Ерик тен Хаг е свесен дека неговиот тим го чека сериозен предизвик и дека победата е задолжителна во трката за пласман во Лигата на шампионите.
На четвртото место „црвените ѓаволи“ имаат само еден бод повеќе од Ливерпул и три помалку од третопласираниот Њукасл. Но, имаат и натпревар помалку од двете екипи.
„Лигата на шампионите ни е многу важна. Мора да победиме на следниот натпревар против Борнмаут за да освоиме пласман во Лигата на шампионите. Првиот натпревар е најважен“, изјави Тен Хаг .
Што се однесува до кадровската ситуација, и Варан и Рашфорд патуваат во Бурнмаут. Но Рашфорд е под знак прашалник поради болест.
„Раши тренираше добро цела недела, но му се слоши. Ќе треба да видиме како ќе се одвива опоравувањето“.