Фудбал
Тен Хаг со прв коментар за Кристијано Роналдо
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг за прв пат ја коментираше ѕвездата на тимот Кристијано Роналдо . За иднината на Португалецот многу се шпекулира, а во последно време се зборува дека сака да остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона, но тоа ќе се случи само доколку Холанѓанецот го сака во својот тим. Сепак, Тен Хаг посочи дека ќе се потпре на Роналдо, опишувајќи го 37-годишниот како „џин“.
„Од утре мојот фокус ќе биде Јунајтед. Секако, морам многу подлабоко да навлегувам во ситуацијата таму. Деталната анализа допрва треба да започне. Ќе почнам да работам и со тимот. Сепак, сакам да разјаснам една работа – Јунајтед има многу добри играчи. Мораме да ги натераме да работат како тим, но Роналдо е дефинитивно гигант“, изјави Тен Хаг по последниот натпревар против Ајакс.