Connect with us

Други спортови

Тенисер кој војува во Украина „удри“ по таткото на Ѓоковиќ: Не му е место на турнирот, поддржува геноцид (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ успеа да ја надмине повредата на грбот и да одигра фантастичен тенис, а потоа почнаа нападите врз него. Неговиот татко Срѓан е снимен како се слика со руски навивачи пред „Род Лејвер Арена“, а англиските медиуми објавија дека меѓу оние кои го поздравиле Срѓан Ѓоковиќ бил и Александар Сергеевич Залдастанов.

Тој е лидер на „Ноќните волци“, позната моторџиска и политичка организација во Русија, и е на црната листа на Европската унија и баран во Америка и Канада, а сега поради ова се огласи и Алекс Долгополов. Некогаш најдобриот украински тенисер замина на бојното поле, а оттаму сега се јави и го нападна Новак Ѓоковиќ и неговото семејство.

-Апсолутно одвратно! Велат дека политиката мора да биде надвор од спортот, така што овие луѓе немаат место на тениските турнири. Вклучувајќи го и таткото на Новак Ѓоковиќ, кој отворено го поддржува геноцидниот режим“, напиша Долгополов.