Други спортови
Тенисерите бараат оставка на Ѓоковиќ
Проблемите за Новак Ѓоковиќ не запираат ова лето.
Откако денеска објавија дека е позитивен за коронавирусот, странските медиуми доведуваат уште едно парче информации што веројатно нема да му се допаднат на Ноле.
Списанието „Sports Illustrated“ пишува дека тенисерите бараат Ѓоковиќ да си даде оставка од позицијата претседател на Советот на играчи на АТП.
Споменатиот извор известува дека неколку претставници во Советот на играчи сакаат оставка на првиот рекет во светот.
Причината е што Ѓоковиќ, според нив, не постапил одговорно во улога што бара одговорност.
Да потсетиме, тој беше организатор на турнејата Адрија, која вклучуваше турнири во Белград и Задар, но последниот беше прекината пред финалето, бидејќи се покажа дека Григор Димитров е позитивен за Ковид-19.
Подоцна, тестирани се скоро сите што биле во контакт со него, а освен Ѓоковиќ, се покажа дека Борна Чориќ, Виктор Тројки, кондициониот тренерот на Ѓоковиќ, тренерот на Димитров, бремената сопруга на Тројки и други се позитивни на Ковид-19.
На крајот на краиштата, продолжението на турнејата Адрија, кое требаше се одигра во Босна и Херцеговина, поточно Бања Лука, беше откажано.
За крај, само да додадеме дека Ѓоковиќ е претседател на тенискиот совет уште од летото 2016 година.