Connect with us

Фудбал

Тепачка на хулигани во Солун, двајца повредени, над 10 лица уапсени

Во инцидент меѓу две групи навивачи во Солун, повредени биле двајца, кои се пренесени во болница, а грчката полиција уапсила 13 лица на возраст од 16 до 37 години.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА станува збор за навивачи на солунските клубови ПАОК и Арис.

Од грчката полиција соопштија дека уапсените се товарат за прекршување на законот поврзан со спортски настани, за насилство, за нанесување телесни повреди, нарушување на мирот, насилство врз службени лица итн, а кај навивачите биле пронајдени и запленети кациги, метални прачки, дрвени предмети и железен синџир.

Случајот го презеле полициски службеници од Управата за борба против насилството во спортските објекти, кои продолжуваат со истрагата за откривање и апсење на останатите инволвирани лица.

Во тепачката меѓу двете групи, биле повредени двајца, а сите уапсени ќе бидат изведени пред јавен обвинител.