Connect with us

Фудбал

Тер Штеген е брилијантен, но не брани за Германија: Нојер вчера покажа зошто е тоа така (ВИДЕО)

Германската репрезентација го има најдобриот тандем за голмани во светот, и покрај брилијантната игра на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген не успева да го собори Мануел Нојер од голот.

Тер Штеген со своите одбрани од коло во коло му носи бодови на Барселона, но Нојер е во фантастична форма оваа сезона, исто како што беше пред пет до шест години кога беше најдобар на светот.

Читањето на играта и полетувањето на време е можеби најдобрата карактеристика на Нојер како што покажа на вчерашниот дуел против Келн.

Искусниот чувар трчаше на повеќе од 30 метри откако спречи опасен напад од домашната екипа. Тој успеа да ја одбрани топката и да го спаси својот гол, потсетувајќи се на своите најдобри денови.

Рачунајки ги сите натпреварувања, Нојер оваа сезона бранеше 32 пати, а на дури 11 натпревари успеа да ја задржи својата мрежа недопрена, па како што стојат работите, на Европското кое ќе се игра ова лето на голот на Германија ќе застане „единицата“ на Баерн.