Connect with us

Фудбал

Тер Штеген изненади со објавата дека нема да игра за Германија: „Контактирав со Флик …“

Марк-Андре тер Штеген повторно ја изненади германската јавност со одлуката да не игра за националниот тим следниот месец.

Тер Штеген со години ја има улогата на резервен голман во германската репрезентација, бидејќи „единицата“ е резервирана за Мануел Нојер.

Голманот на Барселона пред неколку години јавно протестираше за ова, но ништо не се смени. Очигледно е дека Тер Штеген не сака да му ја грее клупата на Нојер, поради што донесе нова одлука.

Имено, Барселона денеска соопшти дека Тер Штеген нема да присуствува на собирот на Ханси Флик за натпреварите на германската репрезентација во Лигата на нации кои се закажани за следниот месец.

Тер Штеген разговарал со Флик и му рекол дека нема да дојде на собирот и дека очајно му е потребен одмор поради трите сезони во кои бранел без одмор во дресот на Барселона.

Флик се согласи да го ослободи Тер Штеген од репрезентативните обврски, па тој нема да се најде на списокот за натпреварите против Италија, Англија и Унгарија кои се закажани за јуни.

“Секогаш сум среќен кога добивам покана за репрезентацијата. Но, по три последователни сезони каде што бранев речиси на секој натпревар, ми треба пауза. Селекторот се согласува со тоа и даде зелено светло”, изјави Тер Штеген.