Фудбал
Тер Штеген, стативата и гредата ја спасија Барса, за триумф во Билбао и „+9“ пред „Ел Класико“ (ВИДЕО)
Вака се освојуваат титули! Барселона во Билбао беше надиграна од домашниот Атлетико во сите елементи на фудбалската игра, но магично забележа победа од 1:0 во 25. коло од Ла Лига и претстојното дерби на сезоната против Реал ќе го дочека со девет- бодовна предност на врвот на табелата.
Едноставно е неверојатно што пропуштија Баскијците на овој меч, Тер Штеген беше брилијантен, и стативата и гредата го спречија домашниот тим, додека Барселона постигна гол од една акција, па Бразилецот Рафиња стана човек на одлука.
Како и секогаш, Билбао се мачеше против најсилните шпански клубови. Беа поопасна и поконкретна екипа во првото полувреме, ја бркаа Барса од својот гол, имаа две одлични шанси во простор од 60 секунди, но не стигнаа до голот.
Тер Штеген во 79. минута нереално сопре фантастичен удар на Икер Муниаин.
Во финишот браќата Вилијамс, Нико и Игначи се заканија на Барселона, но топката едноставно не влезе во голот.
Игначи го постигна во 88. минута, но истиот беше откажан по повик од ВАР собата, бидејќи Муниаин на почетокот на таа акција со рака му ја оддалечи топката од Де Јонг.
Билбао не застана тука, создаде уште една колосална шанса, а Јури Берчиќ промаши чист удар во 93. минута.
Барса има 65 бодови на првото место, Билбао е деветти со 33 бода.