Фудбал
Тер Штеген упорно ја одбива Барселона, пристигнува понуда од дома
Сè поизвесно е дека на крајот на сезоната Марк-Андре тер Штеген и Барселона би можеле да се разделат.
Германскиот голман има договор со Барселона кој важи до 2022 година и клубот упорно се обидува да го продолжи, но сите преговори сеуште се неуспешни.
Дури четири понуди беа стави на маса за Тер Штеген, но овој фантастичен голман ја одби секоја од нив, вклучувајќи ја и последната, според која тој би имал плата од 6,5 милиони евра годишно. Германецот смета дека ова е премалку, особено затоа што на другите играчи кои имаат помалку минути им се гарантираат значително посилни финансиски услови.
„На Тер Штеген му пречи потценувањето што го има во клубот“, пишува „Спорт“.
Јасно е дека на Барселона ќе му биде тешко да го задржи Тер Штеген на „Камп Ноу“, а сега Баерн, чии лидери сакаат да го искористат неговото незадоволство и да се обидат да го вратат во Бундеслигата.
Ниту на Баерн не му оди во преговорите со сегашната ’единица’ Нојер, а додека бараат замена за 33-годишниот голман, јасно е дека Тер Штеген како германски репрезентативец би бил идеално решение за нив.
Дека сака во Баерн, Тер Штеген тоа го откри неодамна кога одговараше на прашања од новинарите и корисниците на Твитер. На пример, тој го издвои Оливер Кан како омилен голман, а првиот дрес што го имаше во животот беше оној на Стефан Ефенберг, исто така легенда на Баерн.