Connect with us

Фудбал

Термините за двомечот меѓу Струга ТЛ и Слован Братислава во ЛШ се потврдени

Познати се датумите и времињата за двомечот од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите меѓу македонскиот шампион и Слован Братислава од Словачка.

Првата средба ќе се одржи на 10 јули во 19:00 часот на стадионот „Техелне пол“ во Братислава. Реваншот ќе следи на 17 јули во Македонија, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Струга ТЛ учествува во квалификациите за Лигата на шампионите по втор пат во својата историја.

Претходната година, тимот беше елиминиран од Жалгирис, но успеа да продолжи во квалификациите за Лигата на конференции, каде стигна до плеј-офот. Минатото лето, Струга ТЛ на домашен терен во Охрид играше против Жалгирис и Будуќност.

Advertisement