Connect with us

Други спортови

Тешка несреќа на Зверев: Германецот во инвалидска количка го напушти теренот, Надал отиде во финалето на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Рафаел Надал се пласираше во финалето на Ролан Гарос.

Мечот против Алекс Зверев беше прекинат на крајот од вториот сет по тешката повреда на зглобот на германскиот тенисер.

Зверев играше прилично добар тенис. Во првиот сет, кој отиде во тај-брејк, имаше предност од 6-2 во поени, но не успеа да го земе сетот.

Испушти четири брејк топки, тоа го искористи Надал и го доби првиот сет со 7:6.

Вториот сет носи серија брејк топки. Надал не го освои првиот сервис, играше доста лошо на негов сервис и тоа го искористи Зверев и покрај тоа што ниту тој не блескаше.

Зверев имаше водство од 5:3 во вториот сет и сервис за освојување на сетот, но тоа не го искористи. Се врати Надал, по што следуваше повредата на третиот играч во светот.

Зглобот бил оштетен. Веднаш се виде дека ситуацијата не е добра и тој беше изнесен од теренот во инвалидска количка.

Иако му била укажана лекарска помош, болката едноставно била преголема. Зверев излезе со патерици на теренот, се прости од Надал и го предаде мечот.

Рафа Надал ќе го игра своето 30. Грен слем финале, а противникот ќе го дознае малку подоцна кога на теренот ќе се најдат Каспер Руд и Марин Чилиќ.