Connect with us

Фудбал

Тешка ноќ за познатиот голман и неговата девојка: Разбојници упаднале во куќата, го соблекле и ги врзале!

Огромен инцидент се случи во текот на ноќта во француската престолнина кога беше ограбен голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума. Упадот се случил во неговата куќа во Париз, а според италијанските медиуми група разбојници му украле работи вредни половина милион евра.

Џиџи живее со девојка и за овој настан веднаш се појавија информации, а многумина тврдат дека и двајцата биле сериозно вознемирени. При грабежот, разбојниците со закана со пиштол,ги соблекле и врзале двајцата.  

Кога полицијата пристигнала во хотелот, голманот и неговата сопруга биле пренесени на преглед во болница, каде што добиле помош. Италијанецот се здобил со полесни повреди, додека неговата девојка била неповредена. Сторителите на овој грабеж се уште се во бегство. За делото кое го сториле им се заканува казна затвор до 30 години. Донарума не е единствениот, неколку играчи на Пари Сен Жермен беа мета на разбојници во последните години, иако не беа дома.

Италијанецот во кариерата настапуваше за Милан, а сега ги брани боите на „светците“. За репрезентацијата има одиграно 54 натпревари од 2016 година, а во ПСЖ заработува осум милиони евра годишно.