Connect with us

Фудбал

Тешко е да се брани глумата на Неимар

Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле, јавно ја критикуваше глумата на Неимар и додаде дека неговиот сонародник мора повеќе да се фокусира на фудбалската игра.

Ѕвездата на ПСЖ доби најголеми критики поради симулирањето на некаква повреда за време на Светското првенство во Русија кога неговата глума на зелениот терен стана главна тема на дискусија.

– Тешко е да брани Неимар, кога се во прашање останатите работи, а не фудбалската игра. Разговарав со него и го потцетив дека поседува нешто специјално, изјави Пеле.

И покрај јавната критика, поранешниот светски шампион е убеден дека неговиот сонародник е далеку подобар фудбалер од неговиот тимски колега, Килиан Мбапе, кој има само 19 години.

– Немаше среќа затоа што во Бразил не ја освои светската титула. Затоа беше посочен како главен виновник. Два пати бев со него во Европа. Разговаравме и му кажав: Фудбалскиот Господ ти има дадено нешто уникатно, но ти го комплицираш со тоа што го правиш. Кога е во прашање Мбапе, мислам дека Неима е покомплетен играч, но во Европа сите зборат за Мбапе, додаде Пеле.