Фудбал
Тестирање во Јунајтед: Џејмс и Лингард импресионирани, Фернандез ги шокираше тренерите
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, Даниел Џејмс и Џеси Лингард покажаа за време на првите тестови во тренинг центарот на овој клуб дека коронавирусот на нив не делувал негативно, туку напротив.
Фернандез, кој веќе ги воодушеви навивачите на „црвените ѓаволи“ во текот на јануари и февруари, покажа уште подобар тест за брзина во однос на оној пред коронавирусот. Тој трчаше со брзина од 34,27 километри на час, што ги шокираше тренерите кај стручниот штаб на клубот од „Олд Трафорд“.
Резултатите на Џејмс и Лингард, кои беа во самиот врв на скалата за темпо и интензитет, беа импресивни.
Инаку достигна Џејмс ја достигна најголема можна брзина бидејќи трчаше со брзина од 36,8 километри на час, додека зад него беа Аксел Туанцебе и Џеси Лингард.
Кога станува збор за интензитет, Лингард беше на врвот пред Хари Магвајер и Скот МекТоминај.
Фудбалерите на Јунајтед успеаја да останат во форма бидејќи им беа дадени индивидуални програми и менија за диети на кои мораше да се придржуваат во периодот на изолација.
Црвените ѓаволи ја зазедоа 5-та позиција пред крајот на првенството и тие беа во одлична форма затоа што забележаа три победи на последните четири натпревари. Последниот беше оној против Манчестер Сити од 2:0.