Connect with us

Фудбал

Тевез се потсети на првата голема плата и на што ја потроши: „Сите беа шокирани“ (ВИДЕО)

Легендарниот аргентински фудбалер Карлос Тевез ја заврши професионалната кариера на 37 години.

Карлитос реши да се пензионира во дресот на својата сакана Бока Јуниорс, а во текот на кариерата настапуваше за многу великани.

Играше и за Коринтијанс, Вест Хем, градските ривали од Манчестер, Јувентус и кинескиот Шангај Шенхуа, каде беше еден од најплатените фудбалери во светот.

Тевез во кариерата стекнал огромно богатство, а како ги заработил првите големи пари открил кога во 2005 година на големо изненадување на сите заминува од Бока во бразилски Коринтијанс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carlos Tevez (@__carlitostevez)

7

Интересна е приказната за тоа на што трошел пари Тевез и како дете од сиромашно семејство бил многу внимателен.

„Првите големи пари ги заработив во Коринтијанс. Веднаш купив 10 куќи и го зедов целото семејство, тетките, чичковците од старото маало.

Начинот на кој им рекол да се иселат од соседството е одличен.

„Организирав скара. Никој ништо не знаеше, а потоа ги шокирав сите“, изјави Тевез.

По Коринтијанс, кариерата на легендарниот Аргентинец „експлодираше“ во Англија, каде со години беше еден од најдобрите напаѓачи во лигата.

На крајот се врати дома и ја заврши кариерата во тимот во кој ја создаде, завршувајќи ја својата фудбалска приказна на прекрасен начин.