Фудбал
Тежок е животот тренерски, две легенди во ист ден останаа без работа!
Легендата на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој поднесе оставка како менаџер на ПСВ Ајндховен.
Одлуката е донесена веднаш, и покрај освоената двојна круна, титулата и Купот.
Превирањата зад сцената доведоа до шокантно заминување. Според холандски „Болд“, некои играчи на ПСВ биле незадоволни од неовиот стил на работа. И тренерот остана фрустриран од трансфер бизнисот на клубот во јануари, кога двајца клучни играчи си заминаа.
Од друга страна, Андреа Пирло доби отказ од турскиот тим Фатих Карагумрук по само една сезона на чело. Италијанецот се приклучи на тимот од Суперлигата минатото лето по лошата маисија во Јувентус. Но, Пирло сега е во потрага по друг нов клуб, откако веднаш му беше раскинат договорот.