Connect with us

Тајмаут

Тежок превид: Место витамини, пред тренинг земал вијагра!

Спортистите се како живи енциклопедии, што се немаат поминато низ нивните кариери и добро и лошо и глупости и интересни работи…

Поранешниот фудбалер на Челси и Вест Хем, Карлтон Кол се присети на една анегдота што се случило непосредно пред тренинг на англиската репрезентација.

„Место витамини, испив вијагра. Можете да замислите, бев најбрз на тренинзот бидејќи имав три нозе“, низ смеа раскажува Кол.

Ситуацијата му ја наместил неговиот соиграч Џермејн Дефо кој во тој период беше фудбалер на Тотенхем.

„Ги испи ‘витамините’ бидејќи мислеше дека е тоа добро за неговото тело. Кога му кажавме што земал, изразот на неговото лице беше непроценлив. Само му реков дека ќе мора да се бори со тоа следните неколку часа“, додава Дефо.

Кол одигра седум натпревари за англиската репрезентација, не постигна гол, а кариерата ја заврши во индонезискиот Персиб Бандунгу.

Извор: Sportclub.mk