Connect with us

Фудбал

Тежок удар за Баерн Минхен, капитенот бара да замине по дебатата со Салихамиџиќ

Челниците на Баерн Минхен сфатија дека им се потребни радикални промени, но тоа може да влијае и на Мануел Ноер, а на тоа никој не ни помисли. Потпишувањето на „Баварците“ со младиот голман Александар Нубел не наиде на одобрување од Ноер.

Голманот е бесен и имаше многу жешка дискусија со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. Хасан побара од капитенот да го отстапи своето место на 15 натпревари за Нубел, додека одговорот на капитенот беше јасен: „Сè додека сум тука, тој ќе игра на пријателски натпревари!“

Ноер од друга страна размислува да си замине, и веќе не е нешто толку тешко да се верува. 33-годишниот играч сакаше да го обнови договорот за две години со „Баварците“, но разговорите се во застој. Тој може да се пресели во тим надвор од Германија.