Фудбал
Тежок удар за Јунајтед, 87-милионската sвезда исто така е повредена
Манчестер Јунајтед претрпе тежок удар со веста дека Хари Мегвајер го истегнал мускулот.
Одбранбен играч се очекува да остане надвор од теренот неколку недели, иако сè уште не е објавено колку точно ќе пропушти.
Повреда доаѓа во лошо време поради тоа што екипата на Солскјаер се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона.
Мегвајер се повреди за време на пресметката со „Волците“ во ФА Купот.