Connect with us

Фудбал

Тежок удар за Ливерпул, играчот од средниот ред надвор од теренот до крајот на годината!

Ливерпул денес прими прилично горчливи вести. Фабињо ќе биде надвор од теренот до крајот на годината поради повредата што ја заработи во средата вечер во натпреварот против Наполи.

После анализата, медицинскиот тим на „Редсите“ објави дека играчот од средниот ред ќе се врати во јануари и ќе биде подготвен за тренинг. Без сомнение, ова е тешок удар за тимот од Англија, кој ќе мора да ги одигра преостанатите натпревари до крајот на годината без еден од клучните играчи во средниот ред.