Connect with us

Фудбал

Тежок удар за Мурињо, Матиќ го пропушта стартот на сезоната

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед бе поразени на Интернационалниот куп на шампионите во САД од Ливерпул со резултат 4:1, а за „Црвените ѓаволи“ на овој натпревар не настапи Немања Матиќ поради операција на која беше подложен.

Ова информација ја запрепасти фудбалската јавност бидејќи не беше познато дека Матиќ е повреден, ниту за ваква повреда се работи.

„Можам да кажам дека Немања Матиќ беше подложен на операција. Имаше проблем со повреда на Светското првенство и веднаш отиде на операција. Јасно е дека нема да биде спремен за стартот на сезоната, а се уште не можам да потврдам колку долго ќе бидеме без него“, рече видно разочараниот Мурињо.

Не треба ни да се нагласува колкав удар ќе биде ова за Јунајтед, затоа што Немања Матиќ минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на Јунајтед. Познато е колку Мурињо го цени, кој сосема сигурно ќе има главоболки пред стартот на првенството.

Манчестер Јунајтед ја отвора сезоната на 10. август во натпреварот против Лестер на својот „Олд Трафорд“ од 21:00 часот.