Кошарка
ТФТ со чудесна серија го урна вицепрвакот
Еуро Никел испушти двоцифрена предност и загуби на гостувањето кај ТФТ (85-71) во второто коло од македонската Прва лига.
Комплетниот натпревар меѓу ТФТ Скопје и Еуро Никел:
Хортон со 23 поени и 15 скока беше најефикасен кај победникот, зад него беше Александар Костоски со 20 поени. На другата страна Предраг Самарџиски имаше 15 поени и 5 скока.