Фудбал
Тиаго Мота се простува од фудбалот
Италијанскиот фудбалер, Тиаго Мота, ќе се опрости од фудбалот на крајот од сезоната, пренесува странски медиум.
Мота веќе наполни 35 години и одлучен е во намерата да се откаже од активното играње фудбал, а неговиот последен натпревар во кариера, а во исто време и Париз Сен Жермен ќе го одигра вечерва против Рен.
Овој дефанзивец најверојатно ќе остане во Париз Сен Жермен по неговата кариера, бидејќи му беше понудено да работи како тренер во младинскиот тим, за што изрази подготвеност.
Во редовите на францускиот шампион Мота, од јануари 2012 година, кога дојде од Интер за околу 10 милиони евра, тој постигна осум гола до 164 натпревари во лигата.
Пред да игра за Париз Сен Жермен, тој, играше за Барселона, Атлетико Мадрид, Џенова и Интер.