Фудбал
Тибо Куртоа: Имаме уште работа
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа предупреди дека победата од 3-1 над Челзи во Лондон не значи пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Според белгискиот чувар, раниот гол за Англичаните на реваншот на Сантијаго Бернабеу може да го направи исходот многу непредвидлив.
„Добра победа на негостопримливиот стадион. Почнавме добро против екипа која игра многу интензивно. Создававме ситуации, погодивме греда, а потоа промашивме уште две ситуации.
Штета што примив гол затоа што успеав да играм со топката, но не ја спречив. Го игравме нашиот фудбал, ја држевме топката за да не притиснат. Не треба да мислиме дека работата е завршена.
Фудбалот е поставен така што Челзи може да се врати во мечот со еден ран гол. Се надевам дека повторно ќе го играме нашиот фудбал и со поддршка од навивачите уште еднаш да победиме“, изјави Белгиецот.