Connect with us

Фудбал

Тиери Анри: Дали знаете каде би бил Арсенал без Аубамејанг…

Легендата на Арсенал, Тиери Анри призна дека лондонскиот состав би бил полош без Пјер-Емерик Аубамејанг. Тој се надева на подобрување на ситуацијата за „Топџиите“, бидејќи Фред Љунгберг изгледа подготвен да го стави својот „печат“ на тимот како привремен тренер.

Многу негативниот настап оваа сезона доведе до отпуштање на Унаи Емери. Анри признава дека е тешко за Љунгберг да промени многу со само еден, или две тренинзи, пред неговиот прв натпревар против Норвич, со тоа што Аубамејанг го спаси тимот. Арсенал е 10. во моментот на табелата во Премиер лигата.

Напаѓачот на Арсенал постигна два гола и го спаси тимот од пораз. Најдообриот стрелец на Арсенал, сега тренер во САД, зборуваше за „Амазон премиер спорт“.

„Од она што го видовме досега, мислам дека е многу тешко да се смени ситуацијата. Љунгберг не можеше да стори ништо затоа што водеше еден, или можеби две тренинзи, пред судирот во Норвич. Арсеналот на овој натпревар беше оној што го гледав претходно. Аубамејанг постигна два гола и го спаси тимот. Ова треба да биде подвлечено. Ова е она што го видов. Без неговите голови не знам каде би биле сега. Па интересно е да се види како ќе игра Арсенал против Брајтон. Со ова мислам на тактичката стратегија на Фреди. Затоа што, таа игра против Норвич дојде брзо и не може да се земе како вистински тест за новиот тренер“.