Connect with us

Други спортови

Тим е првиот Австриец што го освои УС Опен

Њујорк, 14 септември 2020 (МИА) – Австриецот Доминик Тием стана победник на Грен слемот УС Опен. Во финалето коешто траеше нешто повеќе од четири часа, ноќеска тој го надигра Германецот Александар Зверев со 3-2, по сетови 2:6, 4:6, 6:4, 6:3 и 7:6 (8:6).

За Тим ова е прва победа на Грен слем турнирите. Воедно тој е првиот Австриец кој триумфирал на турнирот во Њујорк.

Покрај тоа, претходно само еден австриски тенисер има освоено Грен слем – во 1995 година, Томас Мустер стана победник на Ролан Гарос.

Годинава наградниот фонд на УС Опен изнесуваше 53,4 милиони долари. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com