Други спортови
Тим му се одмазди на Циципас за прв триумф на Мастерсот во Лондон
Доминик Тим со 2-1 во сетови (7-6, 4-6, 6-3) го надигра актуелниот шампион на финалниот турнир на АТП, Стефанос Циципас во првиот дуел од финалниот АТП Мастерс во Лондон. Дуелот од групата Б покажа сигурна игра на двата тенисери, ама Австриецот беше поконкретен и сконцентриран кога беше најпотребно и заслужено победи.
Австриецот Тим, лани загуби во финалето во „О2 арената“ од Циципас во драматични три сета, но овојпат повторно во три сета стигна до 7:6(5)/4:6/6:3 победа во првиот меч од групата „Лондон 2020“, каде што се наоѓаат и шампионот од Ролан Гарос, Рафа Надал и Русинот Андреј Рубљов, кои својот прв меч го играат во 21 часот.
Thiem turns the tables ?
A big win for @ThiemDomi to open his #NittoATPFinals campaign! ?
?: @TennisTV | #ATPTourpic.twitter.com/65kMw46vC7
— ATP Tour (@atptour) November 15, 2020
Во наредното коло, Тием ќе се пресмета со Рубљев, а Циципас ќе игра против Рафаел Надал, додека дотогаш Русинот ќе го предизвика Шпанецот вечерва од 21:00 часот.