Connect with us

Други спортови

Тим немаше веќе сила, Надал по три саати борба го освои Роланд Гарос и испиша историја

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои 12. титула на Роланд Гарос со победа во финалето над Доминик Тием по четири сета (6:3, 5:7, 6:1, 6:1).

Беше очигледно дека на Тим му фали повеќе енергија по маратонското полуфинале со Ѓоковиќ, па после три сета долга борба мораше да го положи оружјето пред шпанецот.