Connect with us

Фудбал

Тим од Албанија потврди, Седлоски е новиот тренер!

Довчерашниот тренер на ФК Шкупи, Гоце Седлоски е нов тренер на тимот од Албанија, Влазнија кој во моментов е трет на табелата во тамошното првенество. Самиот клуб го потврди назначувањето на Седлоски.  Седлоски претходно, освен Шкупи, работеше во Турнов и Вардар, а од меѓународна сцена во Рига, Широки Бријег и Динамо Загреб.