Други спортови
Тим одбива да им даде пари на пониско рангираните тенисери: Зошто би го сторил тоа?
Третиот светски рекет Доминик Тим нема намера да дава пари за да им се помогне на тенисерите кои се пониско рангирани на АТП листата во време кога не се играат турнири.
Потсетете се дека Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал создадоа програма за донирање пари од подобро рангирани играчи за да им помогнат на оние од понискиот ранг кои можат да има катастрофални последици без турнири.
Тенисерите собраа вкупно 4,5 милиони долари, а подоцна организаторите на турнирите АТП, ВТА, ИТФ и Гренд Слем, исто така, решија да помогнат финансиски.
Еден од оние што нема да го сторат тоа е Тим. Тој исто така понуди објаснување за таквата одлука.
„Ниту една од пониско рангираните тенисери не мора да се бори за живот. Сум видел играчи на ИТФ, кои не се 100% посветени на спортот, многу од нив се прилично непрофесионални. Не гледам зошто би требало да им дадам пари“, порача Тим и додаде:
„Претпочитам да донирам пари на луѓе и институции на кои навистина им е потребно. Нема професија во светот каде ви е загарантиран успех и високи приходи на почетокот на вашата кариера. Ниту еден од најдобрите играчи не зеде ништо здраво за готово, моравме да се бориме да придобиеме“.
Тенисот не се игра од почетокот на март, а официјалната суспензија трае до 13 јули.