Connect with us

Фудбал

Тимо Вернер прва желба на лидерите на Интер

Состојбата околу Лаутар Мартинез е сè уште непозната, бидејќи играчот многу лесно може да го напушти Интер во следниот преоден рок.

Сепак, Интер има подготвена идеална замена за овој напаѓач, а тоа е играчот на Лајпциг, Тимо Вернер.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Вернер е првата желба на челниците на Интер и ќе дадат се од себе за да го доведат во овој клуб.

За него заинтересирани се и Баерн и Ливерпул, а Вернер има откупна клаузула од 60 милиони евра што може да се активира до крајот на април.

Доколку не успеат да го доведат Вернер, Интер ќе се сврти кон други опции, како што се Аубамејанг или Марсиал, но најголема желба е напаѓачот на Лајпциг.