Фудбал
Тимо Вернер учи англиски – следува ли негов трансфер во Премиер?!
Тимо Вернер е напаѓачот кој долго време се поврзува со трансфер во редовите на клуб од Премиер лигата. Вернер посетува курс по англиски јазик, станува извесно дека ќе одбере една од двете понуди, Челзи и Ливерпул се во трка за негов потпис. Напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер ќе биде мета на шпанските великани Реал и Барселона во летниот преоден рок. Медиумите во Шпанија тврдат дека во фокусот на овие два тима се наоѓа и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
„Дејли Мирор“ пренесува дека Вернер веќе започнал да зема часови по англиски јазик со што станува јасно дека тој планира да направи трансфер во англиската Премиер лига.
Вернер за Лајпциг сезонава одигра 36 натпревари во сите конкуренции, постигна 27 голови на што придодаде 12 асистенции.
Репрезентативецот на Германија има откупна клаузула од 55 милиони евра.