Фудбал
Тимскиот колега го предизвикува Бејл: Излези да дадеме шпанско интервју!
Голманот на Реал, Тибо Куртоа, зборуваше за неговиот тимски колега Герет Бејл. Тој го бранеше Велшанецот и кажа дека многу добро зборува шпански, и покрај тоа што луѓето мислат дека напаѓачот не е заинтересиран за учење на јазик. Белгиецот зборуваше за себе и за својата желба да научи нови јазици.
“Јас не сум лесна личност за дружење. Зборувам 4 странски јазици, англиски, француски, шпански и холандски јазик. Исто така учев германски на училиште, а пробав да научам португалски додека престојував со Бразилците кои се во тимот.
„Сакам да зборувам англиски со Герет, за да не заборавам. Тој зборува подобро шпански отколку што мислат луѓето. Може да даде интервју на шпански без проблем. Јас многу зборувам со него, сакам голф. Бејл прави сè, но сакам да го видам како дава интервју на шпански затоа што тој многу добро зборува во соблекувалната со соиграчите и добро го разбираме. Само тоа ќе ги спречи луѓето да зборуваат“, рече Куртоа.