Connect with us

Други спортови

Тинејџер го победи Ѓоковиќ во Торонто

Четирикратниот шампион Новак Ѓоковиќ отпадна во 1/8-финалето на „Роџерс купот“ во Торонто, по изненадувачки пораз од тинејџерот Стефанос Циципас. Деветнаесетодишниот Грк триумфираше со 6:3, 6:7 (5), 6:3 и ја постигна највредната победа во досегашната кариера.

– Го следев својот план и знаев дека порано или подоцна Ѓоковиќ ќе се скрши, демонстрираше самодоверба по успехот Циципас кој првпат ќе игра четвртфинале на „Мастерс“ турнир.

Грчкиот тенисер направи брејк во самиот почеток на третиот сет и не го испушти водството до крајот на натпреварот. Тој триумфираше по 2 часа и 17 минути, а Ѓоковиќ го призна поразот.

– Циципас одигра многу добро и без сомнение победи заслужено. Јас дозволив доста грешки од главната линија и не бев стабилен при ретурните, прокоментира Србинот по мечот.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com