Фудбал
Титулата на Ливерпул „не е загарантирана“ во Премиер лигата, доколку Коронавирус ја прекине сезоната
Предноста на Ливерпул од 22 поени над Манчестер Сити би можела да биде за ништо ако Коронавирусот предизвика сезоната во Премиер лига да биде скратена. „Редсите“ се на добар пат да ја освојат нивната прва титула во домашното првенство по 30 години остануваат без пораз за скоро една година.
Сепак, тоа би можел да биде за ништо, доколку Коронавирус ја погоди Премиер лигата. „Телеграф“ ги пренесува зборовите на Јурген Клоп кој рекол дека „не е загарантирано“ да ја освојат титулата, доколку сезоната заврши порано.
Не постои специфична регулатива за тоа што ќе се случи ако сезоната од 38 натпревари се скрати и сите клубови не можат да ги одиграа сите свои натпревари, но исто така може да значи и дека нема да има испаѓање на последните три екипи.