Connect with us

Фудбал

„Тоа е како да купите лабрадор и да се вратите дома со ротвајлер“

Ова е отприлика заклучокот на странските новинари откако стана јасно дека Манчестер Јунајтед ќе го купи Касемиро.

 

Јунајтед имаше турбулентна сезона, а со доаѓањето на Ерик тен Хаг се веруваше дека работите ќе тргнат многу подобро, за потоа да следат два шокантни порази од Брајтон и Брентфорд на стартот од новата сезона во Премиер лигата.

 

Веднаш следеше реакција, па Јунајтед тргна по Касемиро и според последните информации Бразилецот се сели во Манчестер. Наводно, тој синоќа имал проштална вечера со играчите на Реал и заминува за Англија, каде ќе биде на лекарски преглед и ќе потпише четиригодишен договор. Тој ќе заработува 18 милиони евра по сезона, додека Реал ќе добие 70 милиони евра како обештетување.

Тој е апсолутно играч кој секој менаџер го посакува во својот тим, но новинарите во Англија и Шпанија се прашуваат како е можно Јунајтед одеднаш да дојде до идеја да го доведе Касемиро.

 

Јунајтед долго време се обидуваше да го доведе Френки де Јонг од Барселона, но кога стана јасно дека не можат да го доведат Холанѓанецот, се свртеа кон други решенија и потоа доведоа играч со сосема спротивни карактеристики иако и двајцата се играчи од средниот ред. .

 

„Манчестер Ивнинг Њуз“ го критикува Јунајтед за сопнување на пазарот и радикално менување на нивниот профил за неколку дена. Од Јонг до Касемиро. И двајцата елитни играчи, но со различни квалитети.

Овој весник на Манчестер нагласува дека Касемиро не е баш од типот на профилот што Тен Хег го бараше за да го засили својот среден ред.

 

„Тоа е како да купите лабрадор и да се вратите дома со ротвајлер“, заклучи репортер од „Манчестер Ивнинг њуз“.

 

Евентуалното заминување на Касемиро би го оставило Реал без важна алка во тимот на неполни две недели до преодниот рок. Сепак, шпанските медиуми уверуваат дека Анчелоти ќе се потпре на сегашниот среден ред и нема да посегнува по нови аквизиции.

 

Што се однесува до Јунајтед, се верува дека ќе донесат повеќе. Една од првите желби на Тен Хег беше големиот Антони од Ајакс, но амстердамскиот клуб се „заколна“ дека ќе го задржи играчот до крајот на оваа сезона.

 

Се уште постои неизвесност за иднината на Кристијано Роналдо, кој беше подготвен да си замине, но на крајот беше задржан, иако не изгледа среќен, особено на воведните натпревари од новата сезона.