Фудбал
Тоа го може само Ибрахимовиќ, карантинот скратен, следната недела на тренинзи
Сметајќи од денот кога влегол во Италија, односно пристигнал во Милано и според правилата кои ги донесе тамошната влада, Златан Ибрахимовиќ требаше да им се приклучи на останатите соиграчи на тренинзите на 26 мај.
Сепак, тоа ќе се случи малку порано. Златан Ибрахимовиќ направил два теста и двата биле негативни, па добил дозвола да му се скрати карантинот. Периодот на самоизолација ќе го помине во својот стан во Милано. Инаку, карантинот требаше да трае две недели.