Фудбал
Тоа се вика лојалност, Леао ги одбил Реал Мадрид и Челзи, за да остане во Милан
Крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао, одби трансфер во Челзи и Реал Мадрид. Според „Газета дело спорт“, 23-годишниот Португалец ќе го продолжи договорот со „Росонерите“. И во интервју за „Скај“, Леау изјави дека сака да остане во Милан. Оваа сезона играчот одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 12 асистенции. Неговиот договор со Милан е до летото 2024 година.