Connect with us

Кошарка

Тодор Гечевски на комеморацијата за Буштур: Жал ми е за една работа добар човеку

Денеска се одржа комеморативна седница за кошаркарската легенда Благоја Героргиевски Буштур.

Тодор Гечевски вели дека му останало жал за една работа, што не отишол на риба со човекот кој практично го внесе во играта со портокаловата топка.

„Тешко е да се зборува во вакви моменти. Наместо заедно да ги славиме неговите успеси, сега ќе мораме да го збориме тоа без него. Буштур беше добар човек на добар глас. Ми дојде сликата на нашето запознавање, во Кавадарци кога ме повика да играм за кадетите…спиев во негов дом… Колеги во кошарката и риболовот… Жал ми е што не отидовме по риба заедно… Се надевам дека сега таму горе дава кошеви и фаќа големи риби“- рече Гечевски на комеморацијата на легендарниот кошаркар.