Connect with us

Фудбал

„Тогаш бев подобар од Меси на натпреварот, само погледнав во него и ладно поминав покрај него“

Ирскиот фудбалер Стивен Ајрланд ја заврши кариерата пред скоро две години поради сериозна повреда.

Во летото 2018 година, пред последното коло во Премиер лигата, Ајрланд претрпе тешка фрактура на нозете, што го отстрани од теренот повеќе од половина година. Тој го напушти Стоук тоа лето и само неколку месеци подоцна ја заврши кариерата.

33-годишниот фудбалер ги помина најдобрите денови во кариерата во Манчестер Сити и Астон Вила, а еднаш играше и за репрезентацијата на Ирска.

Ајрланд пред неколку дена даде интервју за „Атлетик“, и разговараше за доста интересни теми. Тој, исто така, се осврна на мечот кога играше против Лионел Меси, и ги изненади сите велејќи дека тој бил најдобриот играч на теренот во тоа време.

“Игравме против Барселона и јас бев најдобриот играч на теренот и далеку најдоабр. Меси играше на тој натпревар, да нема забуни. Ја пресеков топката четири или пет пати затоа што го прочитав таму каде ќе додаде. Тогаш само погледнав во него а тој се смееше, па ладно поминав покрај него“, рече Ајрланд.