Фудбал
„Тој мора итно да го напушти Челси“
Францускиот селектор Дидиер Дешамп испрати јасна порака до напаѓачот Оливие Жиру. 33-годишниот играч настапува во дресот на Челси, но оваа сезона тренерот Франк Лампард не смета претерено на него.
„Тој мора итно да го напушти Челси. Не е среќен таму, игра многу малку. Не е негова вина“, рече Дешамп.
Во врска со можната дестинација на Жиру, тренерот на националниот тим додаде:
„За тоа ќе одлучи самиот Оливие, кој пат да го следи и на кое ниво ќе игра“.
Јасна порака од Дешамп во пресрет на Евро 2020, каде Жиру ризикува да не биде повикан, бидејќи тој играше неколку минути оваа сезона со „Сините“. Интерес за напаѓачот покажуваат некои клубови од Англија, Италија, Франција и Америка.