Connect with us

Фудбал

Тој не е оној фудбалер што го знаевме- Интер одлучи, ќе го врати Лукаку на Челзи!

Лукаку не успеа да го постигне нивото од пред две сезони кога со Интер успеа да ја освои шампионската титула во Италија. Беше продаден на Челзи, таму не се снајде, па Интер повторно на почетокот на оваа сезона го донесе на позајмица. Но, Белгиецот никако да влезе во ритам.

Сега, спортскиот директор Бепе Марота ја соопшти болната вистина.

-Тој не е оној фудбалер што го знаевме кога се врати од Челзи во јуни. Нагласувам дека позајмицата е за една сезона, до 30 јуни, без разлика на неговите настапи треба да се врати во Челзи. Тој не ја најде својата најдобра физичка форма за да ја претстави својата најдобра верзија. Лукаку се уште не е играчот каков што сме навикнати да го гледаме“, изјави Марота.