Connect with us

Други спортови

Тојота со Фернандо Алонсо ја освои „24 часа Ле Ман“

Тојота ја освои една од најпрестижните автомобилски трки во светот – „24-те часа Ле Ман“, за прв пат во својата историја. Една од ѕвездите во Формула 1 – Фернандо Алонсо беше дел од тричлениот екипаж на јапонскиот тим, заедно со Казуки Накаџима и Сабастијан Буеми.
 
Шансите на Тојота за прва титула не изгледаа големи на 10-тиот час, кога нивното возило заостануваше со две минути од лидерот, но Алонсо се претстави одлично во ноќниот дел на трката за да го намали заостатокот, а Буеми и Накаџима успеаја да се изборат за првото место и не го испуштија до крајот. Победата за Тојота беше двојна, откако и другиот тим на компанијата заврши на второто место.
 
На овој начин Алонсо ја освои втората трка од таканаречената „тројна круна“. 36-годишниот Шпанец веќе триумфираше во трката за Големата награда на Монако во Формула 1, „24-те часа Ле Ман“, а му останува единствено да запише победа во Инди 500.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com