Connect with us

Фудбал

Толку од комуникацијата со Озил

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, изјави дека не ги знае причините зошто играчот на Арсенал, Месут Озил одбил да комуницира со него.

Лев пред неколку месеци ја посети тренинг-базата на „топџиите“ за лично да се види со Озил, но беше одбиен од офанзивниот играч за врска.

  • Месут тогаш не беше на тренинг, па мора да признаеме дека тој не сака да разговара со нас во моментот. Не ги знам причините. Бев многу разочаран што лично не ме информираше за неговата одлука. Секој знае дека сум секогаш подготвен за разговор, но немаше сигнал од Озил. Би сакал да биде поинаку, но ако сега е така, тогаш нека биде така, изјави Лев.