Други спортови
Толку скромен, толку приземјен, Новак Ѓоковиќ на улиците на Монте Карло застана да се поздрави со девојка, нејзината реакција кажува се(ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ се подготвува за претстојниот Мастерс турнир во Монте Карло, а на улиците на тој град имаше интересна средба.
The DREAM encounter of an 🇺🇸fan with @DjokerNole in #MonteCarlo pic.twitter.com/UzkmGwZqTF
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) April 2, 2023
Турнирот ќе се игра од 10 април и ќе биде прв за најдобриот светски тенисер по повеќе од еден месец, бидејќи српскиот тенисер не настапи на американската турнеја, односно Мастерсот во Индијан Велс и Мајами, откако загуби од Данило Медведев во полуфиналето на турнирот во Дубаи.
Ѓоковиќ на улиците на Монте Карло го бараше големата навивачка Ракел, која успеа во намерата со вториот обид.
“Знаев дека сум во неговиот град, една недела пред настанот на кој требаше да игра и се надевав дека ќе го видам. Но, навистина, какви беа шансите? Во еден момент се свртев и го видов Новак Ѓоковиќ. Зборуваше на телефон на улица и јас инстинктивно го кажав неговото име гласно. Сепак, тој не ме слушна и неколку секунди подоцна исчезна во ексклузивна зграда. Бев обесхрабрена“, изјави Ракел.