Connect with us

Фудбал

Томас Тухел и Јулијан Нагелсман се водечки кандидати за нов тренер на Баерн Минхен

Италијанецот во својата прва сезона го однесе Баерн до титулата во Бундеслигата, но во Лигата на шампионите запре во четвртфиналето, а лошиот старт на оваа сезона го чинеше отказ во најтрофејниот германски клуб.

Томас Тухел и Јулијан Нагелсман се водечки кандидати за нов тренер на Баерн Минхен, но работа би можеле во славниот клуб да добијат и Нико Ковач или Јирген Клоп.

За привремен тренер на Баерн (М) е именувам досегашниот асистен на Анчелоти, Вили Сањол, а доколку Баварците немаат многу доверба во него и не планираат да го задржат на таа позиција до крајот на сезоната, тогаш пред нив е еден очигледен кандидат кој би требало да го изберат.